Познатите српски доктори кои се испокараа заради вакцини, сега велат нешто друго

0

Кавгата помеѓу двајцата доктори започна уште порано, но сега доби нов тек. Епидемиологот д-р Предраг Кон и исто така, популарниот детски пулмолог и професот Бранимир Несторовиќ од претходно имаа жестока расправија околу ММР вакцината.

Кавгата започна на социјалните мрежи, а распламти во медиумите и секој од нив тврдоглаво си го бранеше своето мислење.

Како врвен експерт од областа на епидемиологијата, д-р Кон ја застапуваше тезата дека вакцините, па и ММР против малите сипаници, е најдобрата превентива против заразни болести.

На ова му се спротивстави Несторовиќ, кој истакнуваше, без да ја негира значајноста на вакцините генерално, дека ММР не е толкава опасност за здравјето на луѓето.

Исто така, дека граѓаните мора да бидат известени дека вакцината може да предизвика несакани ефекти кај одреден број деца, како што тој наведува, а пишува и во упатството на производителот за нејзина употреба.

Тоа дополнително го разлути д-р Кон, кој смета дека поради ваквите изјави д-р Несторовиќ треба да одговара (морално-етички), а е поврзано и со неговите изјави за наводно “измислена” пандемија на грип, кога говорел против вакцинацијата против грипот…

Последиците се целосен губиток на довербата во имунизацијата против грип и дополнителен губиток на довербата и во ММР. И денес поради тоа луѓето умираат од грип без причина – напишал во 2017 година д-р Кон.

Професорот Несторовиќ не крие дека дошло до сериозни конфликтни мислења помеѓу него и д-р Кон. Меѓутоа, сега кога и двајцата се најдоа пред една иста задача во борбата против новиот вирус, веќе нема несогласувања.

Јас и доктор Кон бевме во лична кавга претходно, речиси воопшто не зборувавме. Сега не е момент да зборуваме за тоа, но драго ми е што ниеднаш не се случи да има пренагласување на состаноците на кризниот штаб, кој сега се бори против новиот вирус, секогаш сме едногласни – објаснува Несторовиќ.

Експертот за имунизација примариус д-р Томислав Радуловиќ истакнува дека не е ништо необично да се спротивстават двајца експерти поради различно мислење.

-Своевремено и јас имав стручна расправа со професорот Несторовиќ околу вакцините против грип. Тој смета дека е непотребна и до некаде можеби е во право кога станува збор за помладата популација.

Меѓутоа, јас го застапувам мислењето дека постарите од 65 години мораат секоја година да се вакцинираат против грип. Она што е добро во оваа вакцина е тоа што ако постарите пациенти заболат од грип, во 80% од случаите ги избегнуваат тешките компликации и фаталните исходи – вели д-р Радуловиќ и истакнува дека секоја размена на мислења и искуства меѓу лекарите е добредојдена.

На прашањето што да прават обичните граѓани кога ќе се случи една ваква работа, кога докторите не можат да се договорат, тој советува само едно:

-Во нашата земја законски убаво е регулирано кои вакцини мора да се примат, а кои не – порачува тој.

Претходна статијаКоста Костадинов: Во овие моменти ми се јавува гласот на мојот покоен татко
Следна статијаЈоци повторно ,,удри” по кафанџиите – абе клошараана, заглавени сте у 18 век