Пожарникарот Борис: Ако треба и цела плата ќе оставиме, ама не на ваков начин

0

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа.

Во соопштението, Синдикатот наведува дека се свесни за состојбата во која се наоѓа државата, но сметаат дека има несоодветен третман.

– Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатаму сервис на граѓаните.

Сепак мислиме дека како што припадниците на специјалните единици ‘’Тигар’’ и ‘’Волци’’ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај, се вели во соопштението.

На оваа тема се огласи пожарникарот Борис Трајкоски Џомба:

Како човек и како пожарникар крајно сум огорчен и револтиран со дознавањето во последен момент дека на пожарникарите ќе им бидат намалени платите…?

Најхуманата професија да се потцени!!! Пожарникарите учествуваат во сите вонредни ситуации, непогоди, земјотреси, поплави, пожари, сообраќајни незгоди ..итн.

Пожарникарите кои без прекин одеа на работа сменски изедначени со административци, со јавна администрација која работи редуцирано, или поголемиот дел од тие вработени се два месеци дома, седат дома и земаат цела плата, а да се удри по пожарникарите?

Крајно нехуман однос,..навистина нечесно…Ако треба пожарникарите и цела плата ќе остават..ама на ваков начин кога други седат дома и цела плата земаат,а а се зема од најхуманите.

Што друго да се напише….? Еден апел до владата да го измени својот став..кој е навистина, навистина крајно некоректен!

Претходна статијаДенес пристигна мошне разочарувачка вест за навивачите на Македонија и Вардар
Следна статијаОд Канал 5 ТВ се огласија и ја открија состојбата на новинарот Гоце Михајловски – пуштен на домашно лекување