Пензионираниот доктор Радмило за Корона вирусот: Едно нешто мораат сите да го знаат

0

Александар Вучиќ, претседатело на Србија изјави денеска дека мерките воведени за ширење на коронавирусот се олеснети, бидејќи се гледа дека епидемијата слабее, но и дека сите сè уште треба да бидат внимателни, најавувајќи дека српскиот парламент би можел да започне со работа во понеделник, со почитување на сите безбедносни протоколи.

-Ние мора да бидеме внимателни, да продолжиме со тестирањето на населението, за да ја избегнеме ситуацијата во Сингапур, истакна Вучиќ, додавјќи дека ситуацијата во Нови Сад е најдобра од сите големи градови во Србија.

Ситуацијата се смирува и во Ниш и е под контрола. Важно е на респираторот да имаме што е можно помалку луѓе и да имаме уште помал процент на заразени во однос на тестирани.

-Доколку епидемиолошката состојба е поволна, можно е српскиот парламент да одржи седница во понеделник, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и присуството само на најпотребните луѓе во парламентот, кажа Вучиќ.

Тој особено се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за помошта од Русија кон Србија, како во однос на медицинските екипи, така и на медицинските материјали, и покрај фактот дека и во Русија исто така има интензивна епидемија.

Српскиот епидемиолог во пензија Радмило Петровиќ кој во 1972 години беше во првите борбени редови во борбата против вариола вера ја споредува тогашната состојба со денешната, со епидемијата на коронавирусот.

-Во 1972 години вирусот го откривме откако веќе беа заразени 140 луѓе. Карантинот беше воведен во неколку градови на тогашна Југославаија и траеша 30 дена. Епидемијата траеше скоро два месеца, се заразија 180 луѓе, а починаа 36 – се сеќава Петровиќ.

-Разликата помеѓу корона и вариола и тоа што втората можеше да се пренесе на секаков начин и многу бргу ширеше. Да не беше вакцината која започна да се произведува во Загреб сигурно последиците ќе беа многу потешки.

Кога почна вакцинирањето никој кој немаше вакцина не смееше да излезе на улица – вели Петровиќ и додава дека не му е јасно зошто се избегнува да се истакне дека короната најчесто се пренесува преку воздухот.

-Короната најчесто се пренесува преку респираторниот систем, односно, преку капките кои се создаваат по кашлицата или кивањето. Тоа мораат сите да го знаат. Тие капки се со голема количини вирус и остануваат подолго во воздухот. Затоа мораме сите да бидеме дисциплинирани за да се заштитиме од короната. Според мене, ќе помине уште долго време додека се најде вакцина.

Претходна статијаБојко Борисов повторно пушти срце: Откако ги награди докторите, сега со бонус од по 300 евра за полицајците
Следна статијаВо иднина при летање со авион поради корона вирусот би можело да се воведе голема новина