Од Канал 5 ТВ се огласија и ја открија состојбата на новинарот Гоце Михајловски – пуштен на домашно лекување

0

Како што е познато лидерите на најголемите политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски беа во изолација откако е беше утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.

Тогаш информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција изутринава.

Новинарот што неодамна правел интервју со двајцата лидери беше во болницата „8 Септември“ во стабилна состојба на лекување.

Како лидерот на СДСМ, така и лидерот на ВМРО ДПМНЕ беа тестирани на Корона вирусот и нивните резултати беа негативни.

Денес од телевизијата Канал 5 чиј новинар беше заболен ги споделија најновите информации со јавноста за нивните вработени

„Канал 5“ соопшти дека главниот и одговорен уредник на телевизијата Гоце Михајловски кој е заболен од ковид-19 од минатиот викенд е пуштен на домашно лекување и е во добра здравствена состојба.

Дополнително, осумина колеги на Михајловски кои беа во домашна изолација упатени од Државниот здравствен санитарен инспекторат имаат негативни резултати на тестот за ковид-19.

Канал 5 ТВ му посакува на колегата Михајлоски што поскоро враќање на работа и истовремено им се заблагодарува на сите добронамерни колеги од другите медиуми кои сочуствуваа со несаканиот здравствен проблем – Ковид 19.

Претходна статијаПожарникарот Борис: Ако треба и цела плата ќе оставиме, ама не на ваков начин
Следна статијаЏаро: Подобро ми беше во затвор во Сплит отколку во овој карантин сега