Нашите соседи повторно негодуваат за еден од најдобрите македонски филмови

0

Филмот Трето полувреме кој е во режија на Дарко Митревски вчера повторно беше емитуван, на ТВ Телма.

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апастоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн.

Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски. Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година, а снимањето завршило на 27 октомври 2011 година. Премиерата на филмот била на 15 септември 2012 година во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот – фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна.

Тоа е приказна за играчите на ФК „Македонија“ и нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. И најпосле – ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!

Пред Втората светска војна, фудбалскиот клуб „Македонија“ од Скопје е просечен тим кој редовно ги губи натпреварите, претежно поради несериозниот однос на неговите играчи. Поради тоа, основачот на клубот, Димитрија, е фрустриран и сонува за тоа да направи шампионски клуб.

Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник, во интервју за ТВ24 вели дека денешното емитување на филмот „Трето полувреме“ на денот Велигден не оди во прилог на подобрување на македонско-бугарските односи што се очекува да се развијат со договорот за добрососедство.

„Јас сум зачуден кога некој ќе каже нешто ново. Ниту има нови услови ниту има нешто ново во позицијата на Бугарија. Оваа позиција на Бугарија е позната на сите во Македонија.

На владата, на опозицијата, и на општеството во Македонија. Јас сум многу разочаран што денеска на Велигден една македонска телевизија ќе емитува анти-бугарски филм направен за времето на Груевски“, одговори Ковачев на прашањето дали Бугарија има нов сет на барања за Македонија со добивањето на одлуката за преговори со ЕУ.

Тој додава дека нема никаков проблем со зборувањето на македонскиот јазик, но дека македонска страна го суспендирала делот од договорот за работа на мешовитите комисии.

„Таа комисија не се собира веќе – нема никаков напредок. Договорот е потпишан на официјалните јазици на Р. Бугарија и тогашната Р. Македонија сега веќе официјално Р. Северна Македонија.

И за тоа не знам каков е проблемот и дебатата за ова прашање. Јас разбирам дека во Македонија за жал и министерот Никола Димитров се обидува да ја наметне темата само по однос на јазикот, а притоа ја заборава историјата. Историјата е основата3, додава Ковачев.

Претходна статијаДали ќе важи и за Македонците: Во Германија познато кој ќе го плаќа лекувањето од Корона за странците
Следна статијаПрва држава која јавно откри како се бираат луѓето кои ќе бидат ставени на респиратори