Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика граѓаните да не излегуваат во текот на денот во урбаните центри без дозвола.
Во објава на Фејсбук, Рама пишува дека повеќето од граѓаните се коректни и најавува можни нови поостри казнени мерки за оние кои не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
„Ги замолувам сите граѓани кои се движат во текот на денот во урбаните центри да не го прават тоа без овластување! Огромното мнозинство е супер коректно и така треба да се однесуваат сите!
Новите казнени мерки, кои треба да гарантираат последователни иницијативи за ублажување, ќе бидат многу силни, но се надевам дека нема да страда ниту еден, затоа барам од сите да бидат коректни,напиша Рама.
Додава дека Владата прави се за „оваа појава сите ја за паметат како чудо,но ако знаат да се спротивстават до крај“.
Според последнте податоци кои министертвото ги објавува еднашдневно вкупната број на заразени е 377 лица, најголем број од нив се во Тирана или 177 лица,излекувани се 116 а по чинале 22 лица.
Во Албанија, во последните 24 часа регстрирани се шест новозаразени со коронавирус, од тестираните 182 сомнителни случаи.
Бројот на новозаразени денеска е најмал во последните денови, што влева надеж дека состојбата се стабилизира, оценуваат надлежните и апелираат на строго почитување на мерките и препораките на Владата.
-Со новите шест случаи, вкупниот број на заразени се зголеми на 383 од вкупно тестираните 2.753 сомнителни случаи. Во текот на изминатите 24 часа, на списокот на излекувани се додадени уште 15 пациенти, со што бројот на излекуваните од Ковид-19 достигина 131 лице.За жал, по чинати се 22 лица, изјави Силва Бино од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека во моментов во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана се хопстализирани вкупно 74 пациенти, 11 од нив се на интензивна нега, додека тројца се интубирани.
Најголемиот број од заразените се од Тирана или 181,Скадар 44 и Драч 38 лица.