Министерот Венко Филипче откри дека од денеска на Инфективната Клиника како поддршка на нашиот тим доброволно престојува еден наш кардиолог доктор Игор Балески, којшто долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор со огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега.
Сакам да изразам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната Клиника.
Завршен е увидот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во Велес. На Клиниката на Онкологија се потврдени 8 позитивни вработени на КОВИД вирусот – тројца доктори, три медицински сестри, двајца болничари и 20 контакти се ставени во изолација.
Направена е реорганизација таму каде што е потребно и дополнително на сето тоа до петок ќе биде спремен и новиот распоред за дисперзирано делење на субкутаната терапија.
Тоа е терапија која што може да се дава и по Клиничките болници, распоредот на пациенти е веќе направен и таа терапија ќе се дели во Штип, Битола и во Тетово како најголеми болнички установи, заради тоа што таму има и онколози коишто може да го контролираат давањето на терапија, а пациентите нема да мора да патуваат до Скопје. Во петок или најкасно во понеделник таа терапија ќе биде поделена во овие болници.
Нема затворени оддели на Детската Клиника. Има намален број на лежечки пациенти, нема голема концентрација, нема нови позитивни, практично од вработените освен лаборант, медицинска сестра и докторката на имунологија и 26 кои се во самоизолација.
Прилепчанецот Мартин Јошески вработен во Агенција за храна и ветеринарство се наоѓа во изолација веќе 20 дена поради тоа што на 2 април имал контакт со своја колешка од Агенцијата во Скопје која е позитивна на корона вирус. Од тогаш започнал да чувствува одредени симптоми како блага температура, печење на очи и кашлица, но и покрај тоа матичната лекарка не сакала да му закаже за тестирање за Ковид-19.
Се советувал со епидемиолог во Центар за јавно здравје во Прилеп од каде му бил земен брис на 13 април. Но и по скоро 10 дена чекање немало резултат, за да вчера преку свои контакти и пријатели од Скопје разбере дека неговиот брис е изгубен заедно со други 140 брисеви од повеќе градови. А официјалниот одговор од надлежните бил дека немало доволно материјал во брисот затоа ќе мора да се повтори.
„Морав да искористам приватни контакти за да добијам информација дали мојот брис е веќе испитан, затоа што во Центарот за јавно здравје во Прилеп немаа сеуште информација дали истиот е испитан. Добив информација дека мојот брис е изгубен, исто како и останатите 140 други брисеви, кои што во текот на тие 2 дена се примени од цела Македонија.
Нивната причина поради која нема резултат е дека брисот немал доволно материјал за испитување. Но тоа не е точно значи, потврдено ми е дека околу 140 брисеви од цела територија на Македонија, од тие два дена на 13-ти и 14ти се изгубени“, истакна Мартин Јошески, за Сител ТВ каде што може да ја проследите целата сторија.