Максим: Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот живот не се оживува

0

Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со коронавирусот, соопшти вечерва градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

-Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово, рече Димитриевски и изрази сочувство.

Во соработка со општинските кризни штабови на најпогодените општини од корона вирусот, Куманово и Дебар, семејството на претседателот на СДСМ Зоран Заев со помош на волонтерите од струмичкиот општински кризен штаб и хуманитарни невладини друштва, во текот на денешниот ден ќе спремаат и утре ќе испорачаат вкупно 700 пакети со прехранбени продукти од кои 500 за Куманово и 200 за Дебар.

Помошта ке се испорача на место и во договорен термин со општинските кризни штабови. Истата ке биде само доставена, а понатамшната дистрибуција до домовите на луѓето ке го вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери.

Се чувствувам како да сме оставени сами на себе, едно е она што се случува горе во кабинетите, друго е на терен, порача градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во своето гостување на Топ Тема на ТВ Телма каде соопшти дека починале уште двајца кумановци од корона вирус.

Тој вели дека за Куманово треба да се донесат уште порестриктивни мерки и забележува дека многу се калкулира со економијата.

– Ние треба да обезбедиме непречено да работат производствените капацитети во рамки на потребите, да ја сведеме продажбата на храна и најнеопходни производи како што тоа го направивме викендов.

Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот живот не се оживува. Апелираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од министерството за здравство и од комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор.

Искрено да ви кажам се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два епидемиолога не може да се справи со една ваква пандемија, порача Димитриевски.

Претходна статијаДокторката од Куманово која заболе од Корона не престанува да информира за нејзината борба
Следна статијаНа граѓаните на Њујорк не им се верува – има предлог парковите да се користат како вечни почивалишта