Љупчо Георгиевски: Сега треба да бидеме среќни што живееме во Македонија

0

Министерот за здравство Венко Филипче денес имаше редовна прес конференција на која ја соопшти ситуацијата со корона вирусот.

Во Дебар нема нов дијагностициран пациент – сите пациенти закрепнуваат и се чекаат и вторите тестови за да се види дали тестовите се негативизирани.

Ќе направиме скрининг на 20-30% од вкупното население. Во регионите во коишто имаше мерки за рестрикција на движење, воведени уште пред вонредната состојба, ќе се процени имунитетот.

Ова ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава, во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг од антитела согласно времето на епидемијата.

Направен е распоредот за делење на заштитните маски кои стигнаа како донација од Чешката Република. Тоа се 1 милион маски, кои ќе бидат дистрибуирани по сите установи согласно распоредот, потребата и интензитетот на употреба.

Кон крајот на оваа недела се очекува да стигне и помошта од Соединетите Американски Држави во заштитна опрема, после што таа ќе биде или соодветна дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство.

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во денешното гостување на ТВ 24 рече дека тоа што Македонија е мала земја е предност во борбата со корона вирусот.

-Ако пред кризата сите млади чекаа да избегаат во Лондон, во Париз… Сега треба да бидеме среќни што живееме во Македонија, живееме во мали градови и можеме да ја воспоставиме контролата. Вие денеска во Лондон слушате празни продавници, ние немаме таков проблем.

Слушаме во Милано, Њујорк преполни болници, ние тоа го немаме.Големината на нашата земја сега треба да ја претвориме во наша предност. Зошто да не си поставиме цел да бидеме првата држава која ќе биде слободна од корона вирусот?

Мислам дека тоа можеме да го направиме со мали напори. Кога зборуваме за десетдневно затворање на Македонија, рече Георгиевски.

Претходна статијаД-р. Каревски до Д-р. Караџовски: Само овие две прашања ако ги одговори ќе им стане јасно на сите зошто има разлика во бројот на заразени од една до друга клиника
Следна статијаСашо Тасевски: Само голтате бумбари – нека заврши коронава, ќе сфатите што зборам