Во Куманово, денес во овој град се регистирани уште 8 нови случаи на заразени со корона вирус со што бројката се искачи на 62. Ова Куманово, по Скопје го прави втор град со најмногу случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.
– Нашите анализи, проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени, како контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, се анализираат случаите која била релацијата и местото на живеење.
Тоа интензивно на терен го работат епидемиолозите. Така што можно е да се донесат и нови мерки, но не засега, заради тоа што овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одвојувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот, сметаме дека се доволни мерки, рече на денешната прес-конференција министерот Филипче
Статус на Горан Павловски од Куманово:
Здраво на сите. Првенствено живеам во Куманово… Ако немате работа, немате пари, не добивате никаква помош и сте ги завршиле своите намирници.. Ве молиме, немојте да одите на спиење гладни..
Пишете ми приватно, без срам, затоа што од она што го имам во куќата би сакал да го споделам со вас! Како дете ме учеа дека таму каде што јаде еден, можат и двајца да јадат!
Ќе помине се ова, мора да останеме обединети!Не сакам публицитет, не сакам честитки ниту сакам награда! Вашето име ќе остане тајно и помеѓу нас.
Вие и јас! Ако сте осебено самохран родител слободно пишете ми…Вратата е отворена за секој.. Сакам да упатам апел до сите вас мои пријатели…
Кој има повеќе храна отколку што треба и може да помогне, ве молиме направете го тоа, копирајте го текстот и објавете го на на својот профил… Но навистина да тргне оваа акција за солидарност. Тешките денови допрва доаѓаат.