Кристијан – главниот советник на Ангела Меркел знае како со коронавирусот

0

Кристијан Дростен, водечкиот германски и светски вирусолог е експерт за коронавирусот и еден од авторите на тестот за САРС. Дали е можен втор бран на зараза е едно од прашањата на научниците кои постојано го истражуваат новиот вирус.

Проф. д-р Кристијан Дростен смета дека имунитетот стекнат поради зараза со некој друг вид коронавирус во текот на зимата би можел да овозможи заштита и против Ковид-19. Коментирајќи го наводниот втор бран во Азија, тој истакнал дека станува збор само за стари случаи на вирусот односно пациенти кои не биле излечени до крај.

И тука на сцена настапува дилемата за ефикасноста на “PCR” тестовите кои станаа незаобиколна метода во молекуларните истражувања, а чија предност во однос на стандардните имунолошки и микробиолошки тестови е брзината на изведување и добивање на резултатите.

„Телото да го замислиме како езерце со златна рипка. Тестирање значи дека со врзани очи, да зграпчиме кофа со вода за да видиме дали фативме риба. Кон крајот на инфекцијата КОВИД-19, кога пациентот се чувствува субјективно и објективно подобро, вирусот е сè уште присутен, но неговата концентрација е под границата на тестот за PCR.

Тоа е како да има помалку риби во езерцето, така што нема да ги фатите два-три пати, но трет пат ќе фатите“, објаснил Дростен дека не е можен втор бран на инфекција.

Дростен, кој раководи со Институтот „Charité во Берлин и е еден од првите што го изолира САРС, постариот брат на КОВИД-19,кој работел на развивање на тестовите, посочува дека инфекцијата нема да биде под контрола сè додека не се најде вакцина.

Најважни, додаде тој, се тестовите, реакциите на државите, како што е повторно воведување изолација и соработка на граѓаните, сè додека технологијата за набљудување, која има големи надежи, не обезбеди нова безбедносна мрежа.

Препораката на Дростен е дотогаш да го следиме правилото “Six Feet – Six Seconds” односно да држиме растојание од другите од 1,8 метри и комуникацијата да трае 6 секунди.

Инаку, Кристијна Дростен е главен советник на канцеларката Ангела Меркел за време на пандемијата.

Претходна статијаСо Корона вирус е заразен поп кој служел велигденска литургија во соседна Србија
Следна статијаКаракамишева за она што е пропуст на сите досегашни политички гарнитури во Македонија – нема закон за вонредна состојба