Голем потег на Бујар Османи: Се пријавив за доброволец

0

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, претладнево на скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто кој во рамки на посета донесе заштитна опрема за борба против ковид-19, како помош за нашата земја.

Унгарскиот гостин допатува во Македонија со специјален воен карго авион директно од Будимпешта со пакет помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни скафандери.

„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Унгарија“, изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, по пречекот, во просториите на аеродромот, Османи оствари и билатарална работна средба, на која беа разменети информации и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи преку фејсбук извести дека како лекар, доброволно се пријавил да помогне онаму каде што Министерството за здравство ќе процени дека има потреба од помош.

„Денес се пријавив за доброволец за да помогнам како лекар секаде каде што Министерството ќе процени дека има потреба за тоа во било кој крај од државата“, извести Османи.

Инаку тој и покрај вицепремиерската функција, врши оперативни зафати и дежура за време на викендите како лекар, нешто што го прави уште откако беше назначен на функцијата, по формирање на владата.

Бујар Османи е доктор по професија и екс министер за здравство, а стана и доктор на науки. Тој докторската дисертација ја одбранил на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, на тема “Клинички и молекуларно генетски истражувања на колоректалниот карцином”.

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „св.Наум Охридски„ во Скопје. Истата година држел предавања во средното медицинско училиште „Др.Панче Караџозов“ во Скопје. Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година.

Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија – Скопје. Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција. од јуни 2017 година е назначен како заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Претходна статија(ФОТО) Утрово во Скопје слета уште еден авион со помош за Македонија
Следна статијаЕрдоган не заборава на нашата држава: Турција праќа помош на Македонија