Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во рок од еден месец, но во меѓувреме најави полициски час за време на целиот викенд во Белград и Ниш.
Тој рече дека полицискиот час е сосема извесно да биде воведен овој викенд, од петок наутро и дека оваа одлука ќе важи за Белград, како најголемо жариште на вирусот во Србија, како и за Ниш.
„Најверојатно тоа ќе биде од овој петок, ќе видиме од кога, бидејќи онаа сабота претпладне скапо не чинеше“ рекол Вучиќ, алудирајќи на тоа дека бројни граѓани два викенди претходно го искористиле убавото време и поминале цели денови надвор.
Вучиќ нагласил дека не ја исклучува можноста за воведување на карантин за Белград, кој е и најголемо жариште, нагласувајќи дека за мерката 24-часовен полициски час не мора да оди предупредување 48 часа претходно.
Тој исто така нагласи дека поради кризата со коронавирусот, нема да биде можно семејствата заедно да ги поминат велигденските празници.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во емисијата „Кирилица“ покажа фотографија како децата на претседателот Александар Вучиќ волонтираат на стари и изнемоштени лица носејќи им храна поради забраната за движење со корона вирусот.
За оваа слика не знае претседателот, шефот ќе ме уб ие веројатно. Данило и Милица работат како волонтери. Со ова милам дека целата земја се гордее-вели премиерката.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со синот под која истакна дека истиот е заразен со коронавирус.
Вучиќ притоа додаде дека неговиот син е примен на Инфективна клиника
„Кога се ова започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективна клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.