(ФОТО) Антонио Милошоски пред неколку моменти сподели радосни вести

0

Антонио Милошоски кој е македонски политичар ичлен на ВМРО-ДПМНЕ,а воедно и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија сподели убава вест

Милошоски матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија.

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 г., кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во периодот 1999–2000 г. е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 г. е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 г. е редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари – мај 2000 г., пишува колумни во весникот „Дневник”.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 г. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Од 2006 г. е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 г. изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи

Милошевски денес сподели:

Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски.

Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко! Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Драги пријатели,во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела…

Публикувахте от Antonio Miloshoski в Неделя, 5 април 2020 г.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!

Претходна статијаМедицинска сестра предупредува на најраниот сигнал за Корона – пред сувата кашлица и температурата
Следна статијаОткриен прв случај на заразен од Корона во државните карантини