Филипче вечерва го потврди она со што Вело Марковски пред две седмици ја разбранува јавноста

0

Познатиот македонски вирусолог Доктор Вело Марковски – инфектолог, професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип, поранешен директор на инфективната клиника во Скопје, даде многу интересна анализа за корона вирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи.

Тој тврди дека лекарите прават грешка во пристапот на заболените од корона вирус, а како доказ ги споменува Кина и Италија, каде како што вели респираторите повеќе згасиле, него што спасиле животи. Оваа негова изјава ја разбранува јавноста, не само во нашата држава, туку во поширокиот регион.

Според него, тој кажа дека сега треба да не сме заложници на овој вирус, да живееме нормално.

„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала.

Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува.

Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.

Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите, вели Марковски.

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неколку нови истражувања покажуваат дека респираторната машина не им помага на пациентите кои се со тешка клиничка слика со корона вирус.

-За жал, од повеќе истражувања излегуваат информации дека ниту респираторната машина не помага. Според две истражувања, и од пацинетите кои се на респиратор 90 или 89 отсто завршуваат со см ртен исход, рече Филипче.

Претходна статијаНиту таа не издржа: Лепа Брена среде пеење заплакала и прекинала со снимање (ВИДЕО)
Следна статијаДац: Не знам што ќе се прави, еве ја едвај се влече