Филипче сподели убави вести ова неделно попладне: Најголем број излекувани од Корона досега во еден ден

0

Министерството за здравство и Венко Филипче попладнево ги објавија новите информации за дневниот пресек со состојбата на Корона вирусот во нашата држава.

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386, а последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 471, Куманово – 371, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –141, Тетово – 73, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.

Направените 335 теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода – 15 и МАНУ -5 . Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.

Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилн

Претходна статијаУште една омилена туристичка дестинација на Македонците најави кога го враќа туризмот
Следна статијаЕден од најмоќните луѓе во светот не сака повеќе да држи прес-конференции за Корона вирусот