Министерот за здравство, Венко Филипче кој веќе неколку дена и самиот е во самоизолација денес на пладне ги соопшти најновите информации поврзани со последни 24 часа со Корона вирусот во нашата држава.
Утово Филипче преку своите профил на социјалните мрежи информираше дека поради високиот ризик пациентите со хорнични ревматски заболувања треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки. Редовно консултирајте се со матичен лекар и специјалист ревматолог кој ви ја следи состојбата.
За сите потребни стручни совети, пациентите и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија.
Ако вчера беа регистрирани 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови, а потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава, денес бројките се уште подобри:
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје – 2, Куманово – 9, Штип – 2,Тетово – 2,Велес – 1,Гостивар – 1, Пехчево – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.
По чинати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.