Според истражувањата на научниците од Универзитетот Оксфорд, Хрватска, Србија и Словенија имаат најстроги мерки за заштита од пандемијата на вирусот Ковид-19 во светот.
Максимални 100 бодови на ранг-листата за строги мерки, според Оксфорд имаат Хрватска, Србија, Словенија, Индија, Пакистан, Сирија, Виетнам, Шри Ланка, Тунис, Уганда, Јужноафриканска Републија, Боцвана, Мадагаскар, Хондурас и Костарика.
Најмалку бодови има Кина (42,86), каде пандемијата првично се појави и имаше стотици милиони луѓе под некој вид на карантин, но во меѓувреме епидемијата во Кина наводно се смири и карантинот е укинат, иако таму се очекува втор бран на епидемијата.
Најпозната по своите благи заштитни мерки е Шведска, која до пред една недела беше најопуштена во тој поглед во светот, па заради тоа од вкупно 100 бодови имаше 42.86.
Десетина илјади работници во словенечките фирми, фабрики, продавници и работилници денес ќе се вратат на работа, по повеќенеделната забрана за работа поради коронавирусот.
Денес повторно ќе отворат неколку поголеми фабрики, како и автомеханичарските работилници, вукланизерите, поголемите градилишта и продавниците за градежен материјал и бела техника.Одговорноста за сигурна работа е кај работодавачите кои мора да се организираат според препораките на властите.
Синдикатите апелираа до владата уште еднаш да ги прецизира упатствата за да се осигура здравјето на работниците, наместо да се ризикува во корист на капиталот.
„Ако е потребно, ја повикуваме владата привремено да ги запре сите работи кои не се нужни за функционирање на државата“, порачаа синдикатите.
Според официјалните податоци, бројот на заболени во Словенија опаѓа. Од 554 тестирани вчера само седум биле позитивни на Ковид-19.Вкупно се заболени 1.212 луѓе, починале 55, а излекувани се 152.
Во последните денови бројот на новозаболени е помал во однос на повеќе од 20 дневно колку што биле на почетокот во април, што според епидемиолозите, укажува на тренд на намалување на епидемијата.