Една од најпознатите авио компании која лета до и од Македонија објави до кога нема да извршува летови

0

Во вчерашното соопштение од Владата беше кажано: Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио-превозниците што оперираат од „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле во Охрид”.

Сакаме да потенцирме дека на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле во Охрид”.

Тоа значи дека сѐ додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Со оглед на настанатата состојба со вирусот КОВИД-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Сѐ до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети, сѐ со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме.

Затоа, граѓаните доследно да ги следат сите информации што се објавуваат од Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки.

„Туркиш ерлајнс“ соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со коронавирусот.

Ова беше објавено еден ден по изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека државата може да почне со ублажување на некои ограничувања по Рамазански Бајрам кон крајот на мај.

Турција забрани патување во 31 најгусто населена провинција, и исто така воведе полициски час во текот на викендот.

Како дел од мерките против заразата, Турција го забрани и излегувањето од дома на граѓаните над 65 и под 20 години. Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.

Претходна статијаЧулев повторно против Филипче: Мајката и синот од Велес биле подолг период по чинати
Следна статијаМарина Наукович: Македонците мислат дека се најдобри во сè, а странците не ги сакаат