Корона вирусот од ден на ден се повеќе се шири меѓу луѓето ширум светот, а последните денови голем скок на нови случаи има во Русија
Лажни симптоми на коронавирус можат да се појават кај луѓеto склони кон хипохондрија – тие можат да имаат треска, кашлица и болка во градите, изјави имунологот Владимир Болибок за рускиот портал „Нјуз“
Според него, прекумерната загриженост и стравот од пандемија навистина можат да предизвикаат одредени заболувања. На пример, стресот доведува до зголемено ослободување на хормоните од надбубрежниот кортекс, што може негативно да влијае на имунолошкиот систем.
„За праисториските луѓе, стресот им го спасил животот, затоа што во таква состојба лесно можеле да се борат со животинскиот свет. Денес, ваквиот „стимуланс“ ретко му е потребен на човекот, затоа што современиот свет е доста безбеден “, потенцира имунологот.
Според најновите податоци на WorldoMeters, преку еден милион луѓе низ светот се заразиле коронавирусот, а над 50.000 починале.
Во Русија 235 деца се заразени со новиот коронавирус, но ниту едно дете не е во сериозна состојба, изјави денеска руската докторка Ана Попова.
Од тие 235 случаи, 17 имаат пневмонија. За среќа, меѓу нив нема критично болни деца, но 41 дете имало благи и умерени симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција, рече Попова.
Таа рече дека секој ден во Русија за Ковид-19 се тестираат меѓу 34.000 и 37.000 луѓе и оти бројот на тестирања ќе се зголеми.
Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во документарецот Опасен вирус, кој се емитуваше на телевизијата Росиа-1.
Според него, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе почнат испитувања на пониски примати.
Во Русија досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на коронавирусот, од кои 333 оздравеле. Според најновите податоци во Русија има вкупно 43 см ртни случаи од Ковид-19.