Докторот Владимир Микиќ најави кога во Македонија ќе се знае колку луѓе го прележале Корона вирусот

0

Вкупно 12 респиратони машини и 5.000 медицински маски се обезбедени со помош на Канцеларијата на Европската унија во земјава. Во тек е набавката и на 31 респиратор од тендерот на владата. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

– Од попладнево имаме убава информација, со помош на ЕУ се обезбедија 12 респираторни машини и 5.000 маски. Машините ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и на болницата „8-ми септември’“ – рече Филипче.

Покрај овие, информира тој, владата е во набавка на уште 31 респираторни машини.

– Набавката е завршена и се очекува испораката – рече Филипче.

„Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано. Минатата недела имаше една друга варијација, имаше исклучително голем број позитивни тестови, што епидемиолозите сметаат дека е само варијација.

Исто така сметаме и сега, дека сè уште не сме влезени во период кога пикот е поминат и не може да очекуваме бројот на случаи во текот на повеќе денови да се намалува. Тогаш, причина за поголем број позитивни случаи беше пристапот кон веќе идентификувани лица во самоизолација кои развија симптоми. Исто така, сметаме дека сега е можно оваа варијација да е резултат на помалиот број тестови за време на празниците“,

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ, во вечерашното гостување на ТВ 24 најави дека во мај ќе се прави серолошка студија односно тестирање на населението за да се види колку луѓе биле изложени на ковид-19 и развиле антитела.

„Веќе пред јуни ќе ги имаме резултатите колку од луѓето го прележале вирусот. Серолошката студија ќе ни укаже колкав е имунитетот и според тоа ќе утврдиме кои старосни групи се поризични и ќе се направат постапки како да се нормализира животот“, рече Микиќ.

Неодамна Микиќ кажа дека во последните неколку денови, па и недели, значително се зголемени капацитетите за тестирање, тестираме можеби највеќе во регионот, со исклучок на една Словенија и Хрватска, но сепак се движиме во една статутна рамка на новодијагностицирани случаи што мене лично ми дава надеж дека добро ја контролираме епидемијата.

Не би требало да го надминеме бројот од 2000 случаи имајќи ги предвид преземените рестриктивни мерки и секако зголемениот број на тестови што ги правиме ширум државата” – констатираше Микиќ.

Претходна статијаСела повторно се огласи: Не се согласуваме со дел од мерките
Следна статијаСо Корона вирус е заразен поп кој служел велигденска литургија во соседна Србија