Добри вести за сезонските работници во Германија, важи и за Македонците

0

Само една недела, откако беше донесена забрана за флуктуација на луѓе, германските власти сепак дозволија во земјата да дојдат 80.000 работници во овој сектор..

Сезонските работници во земјоделството и покрај пандемијата на коронавирусот, повторно ќе можат да добијат влез во Германија, бидејќи земјоделскиот сектор во земјата предупредува на можен прекин на снабдувањето со храна.

Германската министерка за земјоделство, Јулија Клокнер вели дека тоа е добра вест:

-Ова е добра вест за нашите земјоделци. Ни жетвата ни сеидбата не чекаат“, изјави Клокнер, пренесува Фајненшал Тајмс.

Истовремено, министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, вели дека не смее да се случи застој во државата, посебно не во економијата.

-И покрај пандемијата имаме решение кое ќе обезбеди добра жетва во Германија, но истовремено, државата ќе продолжи да го штити здравјето на населението.

Во текот на овој и следниот месец, односно во мај, согласно новата одредба, земјоделските компании ќе може да доведат дури 80.000 работници,а од нив владата побара фармите да вработат уште 20.000 работници кои се во моментов невработени во Германија, односно имаат статус на студенти или се баратели на азил.

Проценката е дека за овој важен сектот во Германија во наредните месеци ќе бидат потребни најмалку 100.000 дополнителни работници.

Во Италија моментално недостигаат околу 60.000 сезонски работници за берење зеленчук што порано созреа поради топлата зима.

Најголемиот број сезонски работници на фармите во Италија се странски државјани кои доаѓаат од земји на ЕУ (како Романија, Бугарија), многумина и илегално, без документи. Таквите работници често работат без договор, со ниски плати и без никакви права.

Претходна статијаСе огласи првиот човек на Куманово и упати јасна порака до граѓаните на својата општина
Следна статија(ВИДЕО) Премиерот Спасовски вечерва упати важна порака до своите сограѓани во Куманово