Директорката на македонската фабрика што прави делови за „Мерцедес“ и „Ауди“ со позитивни вести за вработените

0

Бавно, ама надежно. Рестартот на автогигантите во Германија, ги става во прва брзина и производителите во Северна Македонија. Сигналите се позитивни, но проблемите далеку од надминати.

Една недела по германските, се отвораат производствените погони и кај дел од македонските производители во автоиндустријата.

Повеќе од еден месец по принудниот клуч поради пандемијата, се палат машините, се пуштаат дел од производствените ленти.

За првпат по пет недели, од утринава стартува со работа и германскиот индустриски гигант „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, кај Битола. Нарачките од страна на „Мерцедес“ вратија на работа 1000 од вкупно 5700 вработени во оваа фабрика:

„Денеска стартуваме и се надеваме дека ќе имаме доволно работа за сукцесивно да ги вклучиме сите вработени. Ние работиме за ’Ауди’ и за ’Мерцедес’.

Имаме два проекта за ’Мерцедес’ во Германија и Шпанија, сите беа затворени и немавме никакви нарачки месец и половина. Како што се средуваат работите во Германија и во Шпанија постепено, така и ние стартуваме со овие два проекта за ’Мерцедес’. Тие ќе почнат со една смена и ние ќе ги следиме со една смена делумно.

Се надеваме дека сукцесивно, дали на една или две недели, како што ќе ни се зголемуваат нарачките, ќе ги интегрираме и другите смени со план ,ако е се’ добро и остане вака, до крај на мај да го рестартираме целото производство, сите три смени да се вратат на работа“, изјави за Дојче веле, Тања Милисковиќ, комерцијален директор во „Кромберг и Шуберт“.

Колкав е ударот од кризата, засега нема детални податоци. Доволно зборува фактот што од средината на март, работа нема, а работниците се дома. Оваа германска компанија, слично како и безмалку сите од оваа дејност во државата, периодот на криза го поминуваат со помош на внатрешни ресурси:

„Се искористија стари одмори, денови со прераспределби, мартовската плата ја исплативме редовно бидејќи имавме полн месец за работа, а другото го покривме со одмор.

Во април, до денеска, немаме ниту еден работен ден. Моментално правиме анализи дали ќе користиме нешто од мерките, дали ќе искористиме сопствени резерви за да им исплатиме надомест за плата за луѓето.

Дефинитивно, плата ќе има и таа ќе биде повисока од минималната. Но допрва правиме точни анализи околу овие прашања“, објаснува Милисковиќ

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик.

Претходна статијаДиректорката на Инфективна во Скопје, Стевановиќ: За жал во скоро време не е на повид ни вакцина
Следна статија(ФОТО) ФФМ со голема помош во овие тешки моменти: Донираше три амбулантни комбиња