Чулев повторно против Филипче: Мајката и синот од Велес биле подолг период по чинати

0

Наќе Чулев, Министер за внатрешни работи, во вечерашното интервју во Отвореното студио на ТВ 24 рече дека МВР не поднесува кривична пријава против реисот Сулејман Реџепи, за изјавата со која се закани дека ќе ги повика верниците да не ги почитуваат мерките на Владата.

„Чекам колегите да се искоординираат со Основното јавно обвинителство, па да се одлучи дали ќе се оди со кривична пријава. За тоа дали има елементи во неговата изјава за кривична пријава, да почекаме што ќе каже ОЈО. Не би да преудицирам одлука на ОЈО. Колегите комуницираа со јавниот обвинител и сега чекаме. ОЈО треба да не води во постапката“ – рече Чулев.

„Не е моментот да одиме со многу рестриктивни мерки и затоа предложив да биде ограничувањето на движење како и во нормални денови. Ставот на Комисијата за заразни болести беше да биде лок-даун од четврток до понеделник, но на крајот преовлада компромисно решение“. Ова меѓудругото го изјави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во Отвореното студио на ТВ24.

„На Влада заклучивме дека сепак не е добро да имаме целосно затворање на викендот и 1-ви мај. Моите аргументи беа во насока дека кај граѓаните веќе постои повисока свесност, за лична заштита, со мерките против ширење на заразата. Како што гледате граѓаните ги почитуваат мерките и одлуките на владата, носат средства за лична заштита маски и ракавици.

Другиот аргумент беше психолошкиот притисок кој што е енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив.

Што значи дека оваа ситуација се одразува врз психо-физичкото здравје врз граѓаните. Доколку направиме една анализа и компарација со регионот и Европа, во некои држави веќе има и агресивни манифестации на граѓанска непослушност. Она што ни служи и како плус индикатор на МВР е и зголеменото семејно насилство.

Јас тука ги охрабрувам сите оние врз кои се врши такво насилство тоа да го направат преку телефон или во најблиската полициска станица“ – рече Чулев.

Во врска со см ртта на мајката и синот што починаа во стан во Велес, Чулев вели дека податоците со кои располага МВР укажуваат дека телата биле во стадиум на распаѓање од два месеца, а не од еден месец како што тврдат здравствените власти.

„Нашата истрага која опфаќа разговор со соседите, податоци за струјомерот, водомерот, телефонските повици, укажуваат на фактот дека од половината на јануари двајцата не контактирале со никого. Полицајците кои ја вршеа предистрагата посочуваат дека телата на починатите биле во распаѓање како за два месеца што говори дека тие биле подолг период поч инати од она што го посочија здравствените власти“ – рече Чулев.

Претходна статијаМаксим: Денес дел од луѓето што беа на 27 април се трансформирале во нешто против што своевремено ние сме се бореле
Следна статијаЕдна од најпознатите авио компании која лета до и од Македонија објави до кога нема да извршува летови