Заев сподели позитивни вести за граѓаните: Извршителите и кредитите ќе почекаат

0

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес излезе со сет мерки насочени за граѓаните на Македонија поради кризата со корона вирусот.

Тој истакна дека меѓу мерките е и мерката стоп за извршители до крајот на месец јуни.Тие ќе бидат суспендирани додека трае кризата. Исто така кажа дека во следните три месеци ќе бидат пролонгирани и сите кредите за враќање на граѓните и компаниите.

Како дел од мерката кажа дека ќе бидат ослободени од плаќање финаниски надоместок за корисниците на социјални станови.

Дел од сетот мерки насочен кон граѓаните и работниците се и за медиумите, најранливите групи и спортистите и уметниците

-Оние лица кои се без работен ангажман ќе добијат 7. 000 денари по домаќинство. Поддршка ќе добијат и лицата кои се дел од социјалната заштита, најранливата категорија, додаток за месеците април и мај.

Помош на медиумските работници и медиумките куќи во износ од 14. 500 денари по вработен за месеците април и мај.

Помош за спортистите и уметниците. Плата од 14, 500 денари во април и мај за спортистите, а за уметниците во април и мај придонеси преку Министерството за култура, рече Заев.

Претходна статијаЗаев: 14.500 денари плата за сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација
Следна статија(ВИДЕО) Пранкер од Битола се претстави дека дезинфицира, па ги наседна и надлежните