Заев контра Пендаровски: Лидерот на СДСМ спротивно на она што го кажа претседателот

0

Екс премиеро на државата и акутелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев денес се огласи по лидерската средба во Вилата на Водно

„Скопје е потенцијални жариште, затоа е потребно прогласување на вонредна состојба. Ние ќе се обратиме како влада до претседателот на Паралемнтот да го свика и да прогласи кризна состојба. Ако не тоа ќе го побараме од претседателот што е спрод уставот. Вонредната состојба ќе даде повеќе алатки за владата да се справи со вирусот“, Заев.

Датумот за избори ќе се договори откако ќе помине кризата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се согласува за вонреднаа состојба. Тој бара кризна состојба.

Како што е познато, првиот човек на државата, Стево Пендаровски во текот на изминатиот ден кажа дека нема потреба во моментот од вонредна состојба.

Засега нема потреба да се прогласи вонредна или кризна состојба на целата територија на земјата поради #COVID19.

На денешната седница на Советот за безбедност заклучивме дека нашите институции се на висината на дадените задачи, доследно ги спроведуваат мерките за заштита и дека не е потребно да се носат избрзани одлуки. Ги повикувам сите граѓани да ги почитуваат препораките, да се заштитиме себеси и своите најблиски.

Сите здравствени установи се целосно мобилизирани и подготвени за справување со евентуално зголемување на пациенти од вирусот #COVID19, а одлична е и соработка меѓу надлежните институции.

Покрај на докторите, припадниците на армијата и на полицијата, на волонтерите, сакам посебно признание да им оддадам и на жителите на Дебар и на Центар Жупа. Во овие тешки моменти тие покажуваат сплотеност, трпеливост и одговорност. Благодарност и до медиумите. Преку нив, сите потребни информации на време стигнуваат до граѓаните.

Претходна статијаВенко Филипче објави неповолни вести – сподели што очекува во периодот што доаѓа
Следна статија(ВИДЕО) И ова го немавме слушнато – Венко Филипче доби чудно прашање