Учениците пристискаа и денес. Од државата бараат да им се врати организираниот превоз, односно училишните комбиња нив повторно да ги носат од местото на живеење до училиштата и назад.
Во моментов, тие мораат да ги користата исклучиво редовните меѓуградски автобуски линии:
„По завршувањето пак сме принудени да плаќаме такси за да ги фатиме автобусите.Многу од децата треба да стануваат рано за да ги фатат автобусите и навечер се враќаат доцна. Многу од учениците треба да пешачат 3-5 килиометри за да стасат до автобуската“ Да се реши ова биудејќи ќе ја бојкотираме наставата“ изјави Евгенија Атанасовска, училишен народен правобранител.
Но ова за учениците и нивните семејства е и голем и непланиран трошок:
Собереме се 3-4 девојчиња за да платеме такси и најевтиното такс е 150 денари. Изјави анкетиран ученик
Јас живеам во населба Баби во Штип и немам повеќе превоз, месечно ќе треба да плаќам по 1000 денара за превоз“ изјави анкетиран ученик
На ученичките протести им се приклучија и превозниците, кои исто така се незадоволни од новото законско решение:
„Целата работа е грешка во законот. За останатите 200 превозници нема повеќе работа само за две фирми“ изјави Баже Костадинов, превозник од Радовиш
„Тоа се две фирми кои се штитат за останатите 200 да застанат“ изјави Гоце Тодев, превозник од Кочани
Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Стар