Во неверување се огласи Дејан од Виница кој синоќа доби 50.000 евра

0

Вечерва со почеток од 20:30 часот на „Канал 5“ телевизија беше извлечена наградата од 3.000.000 денари како дел од наградната игра „МојДДВ МојаНаграда“.

Добитникот на главната награда од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ во износ од 3.000.000 денари е штипјанецот Дејан Петков.

По извлекувањето, тој беше контактиран по телефон, на бројот што го оставил при регистрацијата и откри дека е роден во Штип, живее во Виница, а во моментот е во Бугарија и „на сигурно“ поради коронавирусот.

Во извлекувањето учествуваа сите фискални сметки скенирани од 15 декември, минатата година, до 15 март годинава или 41.355.591 фискални сметки.

Во Бугарија сум во моментов, на безбедно и не можам да поверувам. Ви благодарам многу.

Ова беа првите зборови на Дејан Петков, Виничанец, родум од Штип кој синоќа беше најсреќен од сите скенирачи на фискални сметки.

Токму кај него падна првата главна награда од наградната игра на „МојДДВ МојаНаграда“ вредна 3 милиони денари.

Петков, како што кажа не знае каде ќе ги потроши 50 000 евра но сигурно е дека ќе ги вложи во позитивни работи. Вториот среќен добитник кој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде познат на 19 декември годинава.

Претходна статијаМеркел и се обрати на нацијата и упати сериозна порака до граѓаните во Германија
Следна статијаПрофесор Левит со прогноза кога Корона ќе престане да се шири