Статус на Сашка Цветковск:
Мобилната редакција на Investigative Reporting Lab Macedonia е во Крива Паланка. Овде има еден случај во изолација. Од она што можеме да го видиме е дека родителите кои не одат на работа и децата се по кафеани низ градот.
Овие случаи јас би ги фотографирала и праќала на некаков Sид на срамот и неодговорноста, освен ако министерството не се смилува и не ни даде број за пријава. Не знам зошто некои не би оделе на работа и би земале плата да се шетаат по меани и молови, а ги пуштиле со цел да се погрижат за децата кои не се на училиште, да спречат ширење на заразата.
Навистина мора да има и соодветни казни за неодговорните граѓани. Не може да очекувате министерството да ви црта што значи тоа одговорен граѓанин, а богами и ви цртаа. Што не е јасно овде не сфаќам.
Венко Филипче да ги повика и градоначалниците, односно локалната самоуправа на помош во спречување на ширење на заразата. Ова што го гледаме е пред дворот на општината, на пример. Нека превземат и тие некаква одговорност, зарем се мора да биде со молење бре луѓе!
Во врска со препораките кои вчера беа соопштени на јавноста,на денешната прењс конференција министерот Венко Филипче рече дека отсуството кон работодавецот, работникот го регулира со потврда издадена од градинка односно училиштето на име на родителот со назнака за времето во кое истата важи со цел да се оправда отсуството.
– Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, ослободувањето од работните активности на родителот на лице со попреченост е проширено и на овие лица кои се на возраст до 26 години, значи оваа мерка важи и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуга во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга, рече Филипче.
Се наметна, посочи, прашањето за двајца родители кои работат во ист сектор, а оваа препорака не важи за секторот здравство, полиција, војска, пожарна, а денеска на седница на Влада ќе ја дискутираме и Царинската управа.