(ВИДЕО) Во Штип на ден пред пуштање на новиот мост се направи сефте со чочек и плех музика

0

Статус на Благој Бочварски:

Почитувани сограѓани,

Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите, за сите граѓани.

Почитувани сограѓани,Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за…

Публикувахте от Bocvarski Blagoj в Неделя, 1 март 2020 г.

Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот. Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена.

Затоа овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“ како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината.

Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата.

После долго чекање штипјани добија #чочек за новиот мост. Честито

Публикувахте от Штипски Актуелности в Неделя, 1 март 2020 г.

На фејсбук групата „Штипски Актуелности“ денес се појави видео со наслов „После долго чекање штипјани добија #чочек за новиот мост. Честито“.

Засега не е познато за кои луѓе и со кој повод е овој потег, но повеќе од јасно е дека е пародија, навидум на онаа при отворање на автопатот Демир Капија – Смоквице.

Претходна статијаСи го оставив мажот за помлад, а тој ме шутна – сега за кај сум
Следна статијаЈанко Бачев му нуди коалиција на ВМРО-ДПМНЕ но поставува услови: Договорот за името да биде поништен