Гујновци и Троло за Корона вирусот чуле но,не дочуле. Таму за злогласниот вирус малку се знае. Најефикасен лек против Ковид-19, за мештаните од Троло е ветерот кој можел се да однесе.
„Нашиот добар и силен ветер на Короната не и дава да дојде, ако се појави ќе ја оддува веднаш“, децидна е Вера Петрова – жител на село Троло
Со четири куќи и осумина 80 годишни жители, тоа е ова село од расфрлен тип. Петрови и Петрушеви денеска ни беа домаќини. Велат, тука Корона вирусот неможе да опстане бидејќи местоположбата на Троло е нивна природна заштита
„Ние и нашето село е на едно чисто место, така да не и оваа Корона, но и за претходните закани од епидемии останале само закана и ништо друго“оцени Мирко Петрушев – жител на с. Троло
Освен ветерот, природниот одбрамбен механизам го содржи и следново
„Здравата природна храна, чистиот воздух, здравиот природен зеленчук, овошје и свежо подготвеното кисело млеко се лековите против секакво заболување во Троло и селата во негова близина, што важат за села од расфрлан тип.
„Тука Корона не вирее, бидејќи освен тоа имаме чист воздух и чиста изворска вода за пиење“дополни Камчо Петров – жител на с. Троло
Мештаните од соседното село Гујновци, не знаат за Ковидот – 19
„Не несум слушнала, од вас прв пат дознавам за такво нешто. Јас и немам време за такво нешто бидејќи си имам мака со моето здравје,ама не е тоа како го велите Корона“, изјави 85 годишната Савка Илиевска – жител на с. Гујновци
Гујновчани објаснуваат зошто за нив Короната е шпанско село
„Како ќе знаеме што се случува, кога тука прво нема продавница, нема ништо, за се што ни е потребно мораме да одиме во пробиштип,а таму ретко одиме. Тука сме само неколку семејства едвам петмина во четири куќи“ објасни Душко Илиев – жител на с. Гујновци
Целата сторија проследете ја на Телевизиај стар