(ВИДЕО) Први снимки од моментот на ударот на земјотресот – застрашувачки

0

Хрватската престолнина утрото во 6:23 часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, најјак во последните 140 години.

Во критична состојба е 15-годишно девојче откако се урнала куќата во која живеела. Десетици граѓани на Загреб се повредени.

Во земјотресот се срушени неколку објекти, уништени возила, а исто така оштетена е дел од болницата Ребро, и болницата на улица Петрова.

-Земјотресот беше со јачина од 5,5 степени по Рихтер и е најсилен во последните 140 години, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

– Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни. Препорачуваме сите да бидат излезени пред своите згради. Нема потреба од собирање на бензиски пумпи. Имавме контрадикторни пораки, прво останете дома, а потоа следеше земјотрес. Сеизмолозите ќе ви го кажат тоа што е дел од нивната струка во врска со земјотресите. Ќе ги интезивираме активностите за управување со оваа криза, како и кризата со коронавирусот.

Ангажирана е Армијата и сите служби на Градот Загреб за побрзо да бидат расчистени материјалните штети. Ќе се проверуваат зградите, бидејќи засега не се знае колку се оштетени, особено постарите градби, изјави Пленковиќ.

Претходна статијаДокторот Илија порача: Ние ја почнавме битката и ќе ве чуваме колку ќе можеме
Следна статијаЗаев: 14.500 денари плата за сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација