(ВИДЕО) Македонец со песна од Тоше блесна во бугарско музичко шоу – публиката воодушевена

0

Се повеќе млади македонски таленти се обидуваат преку натпреварувања во регионот да се изборат за својот сон. По Србија, се почесто многу таленти се обидуваат и во соседна Бугарија.

Еден таков пример е и со Омар Џафероски кој со својот глас ги воодушеви членовите на жирито на бугарскиот избор на талент “The Voice of Bulgaria 2020”, и ги доби гласовите на сите четири членови од жирито.

Џафероски настапи со песната на Тоше Проески “Громови на душа”, а реакцијата на публиката и жирито може да ја погледнете на следниот линк:

35 годишната Македонка Калина Велковска која веќе долги години работи на музичката сцена во Македонија, а има и свој проект на социјалните медиуми насловен како „Kaly’s Music Challenge“ со цел промоција на музичарите кај нас, пред скоро време се појави на „The Voice of Bulgaria“.

Таму таа со својот настап привлече големо внимание и кај публиката, но и кај жири комисијата, која буквално се расправаше помеѓу себе за тоа кој да и биде ментор, на крај таа го одбра тимот на Иван Лечев, кој за неа рече дека таа е апсолутен победник, дека е готов производ и има се што е потребно за на сцена, глас, самодоверба, сценичност.

Велковска ја изведе песната „This World“, а видеото на Јутјуб до овој момент е прегледано над 80.000 пати. Коментарите под видеото зборуваат за успехот на Македонката на ова шоу, дел од нив велат: “Девојката е дефинитивно фаворит за победа“, „Фантастична изведба“, „Секој тон и беше на место“.

Во еден од коментарите под видеото на настапот на Калина Велковска се најде и македонската пејачка Кристина Перовски Арнаудова, која напиша: „Нашите талентирани музичари продолжуваат да пеат по разни шоуа во Србија, Бугарија, Хрватска… погодете зошто! Зошто кај нас нема ништо од тоа!

Никогаш немало а мене ми личи и дека никогаш нема ни да има. Знаете зошто? Нашите медиуми ништо освен кеш и политика не ги занима. Музика за нив е само Гранд и Пинк. Kaly Браво!“

Претходна статијаНови позитивни случаи на Корона во Македонија – Познато на колку се искачи бројката
Следна статијаЗоран Заев од конгресот на СДСМ: Можеме уште повеќе