Индонезиските медиуми пишуваат за контроверзната свадба во Јужна Сулавесија, на која 103-годишниот воен ветеран Пуанг Кате се оженил со 30-годишната Алу Аланг во округот Сива.
Младоженецот, кој наводно бил вдовец, се борел во колонијалната војна 91945-1949, пренесува Oddity Central.
„Да, вистина е. Свадбата е одржана денеска попладне во домот на невестата на улица Јалан Галицо“, рекол роднина на младоженецот.
„Не знам колку точно години има тој. но дефинитивно е постар од 100 години, тој е холандски колонијален воен борец. Неговата сопруга е во 20-те години“.
Трибун Њуз подоцна открил дека невестата е 73 години помала од старецот.
На Фејсбук и Твитер поделени се видео записи на кои се гледа како постариот младоженец бил придржуван од помладо момче додека чекорел на средба со својата млада жена.
Интересно е што според известувањата на локалните медиуми, сумата пари која Кате ја платил на семејството на невестата воопшто не е висока.
Наводно платил само 5 милиони рупли (околу 312 евра), а дал и златен прстен. Тие двајца во мометов живеат во домот на младоженецот.