Владимир Путин, рускиот претседател и еден од најмоќните луѓе во светот ја искористил посетата на Иванов за да разговара со локалните жители, а во еден момент, од толпата се издвоила жена, која му изјавила љубов.
Земи ме за жена, му рекла таа.
Претседателот се насмевнал велејќи дека станува збор за „убав предлог“ и ја прашал за нејзиното име, на што таа одговорила „Јулија“.
Девојката потоа му пристапила на Путин и, како што подоцна раскажала, успеала да му даде фотографија на која бил запишан нејзиниот телефонски број.
Му дадов фотографијата, а сега ќе видиме каков ќе биде одговорот“, рекла самоуверената девојка од Иванов, кој го нарекувале град на невести, па затоа добил и понуда.
Јулија признала дека Путин и се допаѓа веќе некое време, но дека не може да каже какви се нејзините шанси за брак.
За време на посетата на Иванов, Путин посетил и детска болница, како и фабрика за производство на воени и цивилни падобрани.
Неодамна, Владимир Путин, рускиот претседател поради неговата голема плата, а нејзините мали примања, бил критикуван од една сиромашна жителка на неговиот роден град Санкт Петербург.
Имено, жената која тврди дека е инвалид и дека има церебрален едем, го прашала шефот на Кремљ по една свеченост во поранешната руска царска престолнина, како е можно да се живее во Русија со месечни примања од 10.800 рубљи, или околу 157 евра, колку што има таа.
Мислам дека тоа е многу тешко, признал Путин чија месечна плата по официјалните информации е повисока од 11.215 евра.
„Животниот минимум“ на примањата во Русија е официјални 11.300 рубљи, или 164 евра за Санкт Петербург.