Венко Филипче откри колку навистина респиратори има во Македонија

0

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче денес го имаше своето прво обраќање пред медиумите во врска со актуелната ситуација со корона вирусот

„Сите 13 пациенти кои се на Инфективната клиника се во стабилна состојба, идентична од вчерашниот ден. Само една пациентка е на респираторна машина со значајно подобрувања, но се уште непредвидлива е нејзината ситуација. Сите други се со лесна клиничка слика“, изјави Филипче и додаде:

„Денес имаме седум нови материјал за испитување од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, дел од нив бил во Швајцарија, Австрија и Германија. Се тестираат и нивните резултати и ќе бидат познати во текот на денот“.

Притоа Минисерот за здравство се осврна и на респираторите за механичко дишење

„Во државата има 120 вакви машини од кои близу 90 во Скопје. На денешниот сотанок со директорите на клиниките е донесено одлука целиот медицински персонал од јавното но и од приватните болници ги ставаме на располагање. Од приватните клиники имаме близу 70 легла со респиратори кои се на располагање од приватните клиники“.

Во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна. Во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти. Полициски службеници, согласно оперативниот план, вршеа обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.

На терен, со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Претходна статијаПознатиот македонски актер и музичар заврши во карантин, па се огласи
Следна статијаМВР со јасна порака до сите они кои што ги прекршуваат дадените препораки