Министерството за здравство, Венко Филипче денеска во 11:30 часот имаше нова прес-конференциј со ново настанатата ситуација со коронавирусот во Македонија.
Тој посочи дека по косултација со колеги од Италија се решил на Владата да предложи нови мерки, уште посилни за заштита од Корона вирусот.
„Ќе предложам сите јавни собири да се откажат, а исто така до 18 часот да работата сите кафулиња и кафани, тука ги вклучувам и казината и кладилниците. Притоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните.“
Од деветте пациенти на Клиниката за инфективни болести шест се во стабилна состојба, додека пак кај тројца има лесно влошување на состојбата и имаат отежнато дишење, но нема потреба од респираторна поддршка, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче откри дека нема нови случа на заразени, а денес е тестирано само едно лице за кои се чекаат резултати. Потенцираше дека кај три лица кои се заразени ситуацијата благо се влошила и имаат отежнатао дишење, но се уште не се ставени на апарати. Тој потенцираше дека станува збор за постари лица со возраст над 65 години.
Од Министерството за здравство исто така споделија:
КОВИД-19: Добивај ги најновите информации од Министерството за здравство за заштита од корона вирус, директно во AirCare!
Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести”.
Голема благодарност до МојВоздух/AirCare за поддршката која ни ја даваат во овие моменти со справувањето и информирањето за заштита на граѓаните од КОВИД-19.