Загреб.1991 година. Тој Хрват, а јас Србинка, нашата љубов и челик ќе стопеше. Но, војната нè раздели, а 24 години подоцна, Фејсбук нèсоедини.
Ова е една љубов која без прекин траела 24 години помеѓу една Србинка и еден Хрват. Доколку и вие имате некоја ваша интересна љубовна приказна, испратете ни ја, ќе ја објавиме.
“Го гледам својот прекрасен маж додека разговара за секојдневните работи. Размислувам колку е добар кон мене, колку сум среќна со него и со насмевка на лицето го прашувам дали е можно дека конечно успеавме…
Беше пролетта 1991 година во Загреб. Јас бев студентка во Студентскиот дом, а него го запознав како другар на момчето на мојата цимерка, исто така студент.
Ме нервираше зошто постојано ми тераше инает додека зборевме за спорт, ни ја упропасти “журката” зошто почна да пушта музика која повеќето од нас не ја слушаа, се однесуваше како да не ме ни забележува…
Од тој ист инает започнавме да танцуваме и така започна нашата љубовна приказна. НАШАТА ЉУБОВ. Голема и чиста, на прв поглед невозможна бидејќи тој беше Хрват, а јас Србинка.
Не нè интересираше тоа што сè околу нас мирисаше на војна, што се обидуваа да ни го заразат мозокот со негативни мисли и што се обидуваа да не разделат.
Сепак, не раздели моето враќање дома, во родната земја и неможноста да го одржиме контактот, бидејќи веќе ни телефонските врски не постојат, тоа што сме премногу млади за да бидеме посилни од сè. Патиме.
Започна немилата граѓанска војна во Југославија. Минуваат годините, не знаеме ништо еден за друг, но јас го чувам во срцето и главата, во фотографиите, во ситните подароци, во картите од кино, во мојот дневник. И натаму не ми верува дека сето тоа сум го сочувала.
Го наоѓам јас, а како поинаку, отколку преку нашите социјални мрежи, после 24 години. На фотографијата го гледам ТОЈ Е, ист, згоден, насмеан, опуштен, засекогаш мој, бидејќи јас така го паметам. А од гласот, кога повторно го слушнав, ти се чини 1000 волти поминаа низ мене.
Го среќавам после толку многу години… Емоции толку силни, како вчера да сме се разделиле. Забележувам неколку побелени влакна во неговата плава коса и ситно брчки околу очите, сè уште е згоден и шармантен. Се надевам дека тој моите не ги забележува.
За сите тие години ние се остваривме како родители и како успешни деловни луѓе, животот не подготвил за НАС. Сè она што нè раздели, сега е далечно минато, децата ни се пораснати и самостојни. Сега дојде нашето време…време е за нас!
Многу брзо донесовме одлука да го продолжиме животот заедно, и еве нè… Конечно се венчавме (не е дека не ме побара за жена уште во далечната 91), имаме свој стан и свое куче, децата доаѓаат и нèпосетуваат, родителите се воодушевени што сме среќни…
А ние…патуваме, уживаме, се сакаме секој ден сè повеќе и повеќе, сèпосилно и посилно и однове се уверуваме: Да, можно е, успеавме!
И.П. Фото: Илустрација
Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.