Спасовски: Одлука која е една од најтешките кои се донесени во историјата на Македонија

0

Техничкиот министер, Оливе Спасовски на прес-конференција имаше излагање за актуелната ситуација со Корона вирусот. Тој ги објави најновите одлуки.

„Предлагаме воведување вонредна состобја, веднаш и сега. Мерките што се носеа до сега дадоа резултат, но сега е време да ги радикализираме, зостриме за да спречим уште поглме пик на Корона. Убедени сме дека тоа може да го спречием со воведување вонредна состојба на цела територија“, исткана Спасовски и додаде:

„Владата одржа седница и се донесе заклучок да му предложи на Собранието да проглас вонредна состојба. Упатуваме апел да се свика собранието кое е распуштено. Но ако тоа не се случи, вонредна состојба може да прогласи Претседателот на државата во рок од 30 дена. Уставна и правна основа постои, само треба воља“.

За првпат носиме ваква мерка во нашата држава и оваа мерка е една од најтешките одлуки кои ги донела било која влада од постоењето на Македонија. Ништо веќе не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и настрана. Потребно е секој да се прилагоди и да биде крајно одговорен. Ако сакаме да ја заштитеме нацијата сите мора да се однесуваме одговорно. Политиканството да се остави за неко друго време.

„Затоа сите да се кренем на висината на задачата и да ја совладаме оваа ситуација. Подготвивме и донесовме многу мерки. Ќе излеземе посилни, сега и веднаш мора да се преземе овој чекор“.

Спасовски порача дека воведувањето на вонредната состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат драстични рестриктивни мерки за движење на граѓаните, туку дека таквата мерка ѝ дава на владата услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција.

– Имаме сериозни капацитети во институциите, тука сме да служиме на граѓаните и да го заштитиме здрајето на граѓаните и нашата држава. Предлагаме воведување вонредна состојба веднаш и осстануваме во комуникација со нашите пријатели во регионот и Европа за справуваење со оваа хуманитарна криза. Ќе направиме се за да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните од нашата земја. Да бидеме одговорни, ефикасни и пократко време да излеземе победници – рече техничкиот премиер.

Претходна статијаКорона се шири во Скопје: Филипче објави колку нови случаи има од утрово
Следна статијаМицкоски со порака до Владата: Немојте да се натпреварувате кој повеќе прес-конференции ќе одржи