Весна Кондратенко се огласи на својот профил на фејсбук и го сподели своето искуство со Корона и притоа упати апел до сите:
Сега кога сме подобри, би сакала да ве известам дека утврдивме дека вирусот стаса од колеги од Србија кои беа во работна посета на фирмата. Несвесни за болеста која ја носат, имаа контакти со голем број вработени.
Веднаш кога се разболевме, се повлековме дома мислејќи дека е грип. Имавме три обиди да направиме тест за корона, но од Центарот за јавно здравје не одбиваа со објаснување, дека штом не сме патувале, нема ризик од корона.
После 5 дена со температура над 39, Зоран доби пневмонија, но ниедна болница не го прими поради ризик од корона. Најпосле се тестираше во Филип Втори, каде утврдија дека е заразен со корона. Веднаш потоа се превзедоа сите мерки кои фала богу даваат резултат.
Препорачувам на сите да ги ограничите контактите и строго да се придржувате до препораките за заштита од вирусот – напиша Весна Кондратенко на Фејсбук.