Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Владата формира главен кризен штаб раководен од премиерот Оливер Спасовски.
Притоа информираше дека вкупно 18 заболени од корона вирус во Македонија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција.
Тестирани се 12 лица денеска, од кои шест се позитивни. Една пациентка синоќа пристигнала со авион на Виз ер од Барселона, но била свесна дека нешто не е во ред и патвала со маска, а потоа сама се пријавила на аеродромот, по што веднаш била изолирана и однесена на Инфективната клиника, каде е земен материјал. На 51 патник во авионот им е дадена препорака з адомашна самоизолација. Но, истите се со многу мал ризик да се заболат, бидејќи пациентката свесно била со маска во авионот.
На инфективна во моментов се лекуваат 13, а останатите пет новодијагностицирани ќе се лечат во Дебарската болница, бидејќи се со лесни симптоми кои наликуваат на настинка.
Во однос на мерките кои ќе се преземат: се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. Се затвора аеродромот во Охрид. Забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО.
Сите продавници во моловите да се затворат, освен маркетите и аптеките. Целосен клуч за кафетерии, обложувалници, барови, клубови и казина.
Владата формира главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата и во состав од сите заменици на министерствата, ќе се врши целосна координација со сите институции. Овој кризен штаб ќе се состанува на дневна основа во Владата.
Се затвораат сите копненни гранични премини во земјава, освен, „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“ и „Блаце“. Да се затвори аеродромот во Охрид, да се забрани влез во државата на странски државјани и од земјите од среден ризик, согласно листата на СЗО, освен за они лица за кои МВР ќе даде мислење, дека овие лица влегуваат под посебни услови и заштита согласно протоколот на министерството за здравство- рече Филипче.