Се зголемува бројката: Нови случаи со Корона во Македонија – кризна состојба во две општини

0

Венко Филипче денес на прес-конференција ги објави најновите информации за Корона вирусот на територијата на Македонија.

„Ограничување на движење во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба. Имаме денес уште четири нови случаи позитивни на Корона кои доаѓаат од Дебар. Што се однесува на веќе хоспитализираните, кај една жена има влошување е и пред вклучување на машина за вештачко дишење“, истакан Филипче.

“Вкупно на клиниката за инфективни болести има 9 хоспитализирани лица болни од Корона вирус. Првата заболена ќе биде пуштена на домашно лекување. Останува едно лице од Скопје и седум од Дебар, како и сега овие нови четири. Ова не е шега луѓе, вакви радикални мерки се потребни“.

На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура. „Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече Филипче.

Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и мерките што стојат на располагање.

Тој на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови. На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.

Пендаровски ги повика лидерите на партиите да се наравратат на ова прашање во наредните пет до 10 дена.

Лидерите на партиите во наредните пет до десет дена повторно да се навратат на ова прашање, бидејќи на сите ни е кристално јасно дека апсолутен приоритет во оваа ситуација е здравјето на нашите граѓани, а не политичките или партиски интереси. И се разбира за тоа треба да има комплетен консензус. Не треба да се брза со таа одлука, меѓутоа ситуацијата објективно и околу нас и кај нас се усложнува во делот на ентузијазмот луѓето да гласаат, рече Пендаровски.

Претходна статијаНаш иселеник од Германија: Секоја чест за Македонија, овие тука абер си немаат
Следна статија(ФОТО) Како е во кризниот регион: Дебар и преку ден и преку ноќ со посебни мерки