Словенија по примерот на Австрија, поради коронавирусот ја затвора границата кон соседна Италија, пренесуваат тамошните медиум.
Вакво нешто вечерва најави премиерот во оставка Марјан Шарец. Границата се затвора за патнички возила, додека товарните и натаму ќе можат слободно да ја минуваат границата.
Владата ги повика сите словенечки граѓани кои се во Италија да се вратат дома. Ова посебно се однесува за оние што престојуваат во земјата туристички.
Министерството за надворешни работи претходно апелираше да не се патува во Италија. Властите забранија на аеродромот Брник да слетуваат авиони кои доаѓаат од кризните подрачја.
талијанскиот анестезиолог Кристијан Салароли од болницата „Папата Јован“ од Бергамо испрати драматични апели до граѓаните на Италија во однос на коронавирусот. Во интервју за „Кориер Дела Сера“ тој раскажува дека ситуацијата е слична како во војна и мора да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого не.
Според неговите зборови, областа каде што се наоѓа Бергамо е едно од првичните жаришта на коронавирусот во земјата, а капацитетите во болницата каде што тој работи се речиси исцрпени.
„Тешко е, но сме во ситуација да мораме да правиме избор, во зависност од возраста и здравствената состојба. Исто како во воени ситуации, според прирачник за воени ситуации“, рече тој.
Салароли вели дека не сака да крева паника кај населението, но апелира до сите да останат дома.
„Останете дома. Останете дома. Неуморно ќе го повторувам ова. Гледам премногу луѓе на улиците. Најдобар одговор на овој вирус е да не се движите премногу и да се мешате во поголеми групи на луѓе. Не можете ни да замислите што сè може да се случи. Затоа, останете дома“,рече тој.
Хирургот Даниел Мачини кој работи во болницата „Хуманитас“ исто така во Бергамо преку отворено писмо објавено на својот профил на Фејсбук ги објаснува проблемите на лекарите и останатиот медицински персонал во Италија.
„Долго размислував дали и како да го напишам ова што ни се случува. Но, почувствував дека тишината не е одговорна. Ќе се обидам да го опишам ова што ние го доживуваме во Бергамо во екот на пандемијата со која се соочуваме. Да ви пренесам на сите вие кои не сте вклучени во нашата професија и сте далеку од реалноста. Го разбирам моментот да не се создава паника. Но, буквално се ежам кога пораката не стигнува до луѓето, а гледам голема негрижа во однос на препораките за однесување во вакви ситуации“,