Се уште недостигаат учебници иако школската годиниа е при крај, а Адеми вели: Денес е емотивен ден

0

Во општина Гостивар недостасуваат околу 10 илјади учебници во основните и средните училишта.

Од секторот образование од ова општина се револтирани од односот на Министерството за образование и ненавремено снабдување на учениците со учебници, иако МОН вети дека учебниците ќе се дистрибуираат со почетокот на второто полугодие.

Од Гостивар рекоа дека денеска и официјално од МОН побарале сериозно да се позанимаваат со ова прашање, затоа што учениците губат од наставата поради оштетените учебници. Голем недостаток на книги има за петто и шесто одделение.

„Од ова најмногу губат учениците. Затоа, нашата иницијатива е да се информира јавноста за реалната состојба. Денеска официјално со сите направени анализи реагиравме до МОН и чекаме позитивен одговор, да преземат мерки и да ги снабдат со учебници во преостанатиот период“, Имерлије Салиу, сектор за образование, општина Гостивар.

Освен Гостивар, сериозен проблем со недостаток на учебници има и во Скопје. Во многу училишта децата во една училница работат со две или три книги, а останатите прават фотокопија на книгите. Министерот Арбер Адеми не сакаше да коментира, како што рече, ниски политички изјави, иако тој самиот беше дел од политички настан, поставување на новите табли во училиштата во Чаир.

„Денес е навистина емотивен ден за нас, ден за славење, се заокружи едно прашање кое е многу важно за граѓаните на Чаир. Од утре ќе ги коментирам овие ниски политички изјави“, Арбер Адеми, министер за образование.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на Алса М.

Претходна статијаСузана од Охрид: Тежок е тој живот, да кршете табуа во една средина како нашата
Следна статијаЕкс кандидатот за претседател на Македонија на Србијa и нуди излез на море – познато и како