Се стеснува обрачот – уште потешко за Македонците кои сакаат да се вратат од Италија

0

Откако Словенија по примерот на Австрија, поради коронавирусот ја затвора границата кон соседна Италија, пренесуваат тамошните медиум, уште една држава се реши за вакво нешто.

Вакво нешто вечерва најави премиерот во оставка Марјан Шарец. Границата се затвора за патнички возила, додека товарните и натаму ќе можат слободно да ја минуваат границата.

Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.

Српските гранични служби ја имаат потребната заштитна опрема – ракавици, маски и средства за дезинфекција, а по потреба користат и заштитни костими.

Српските државјани кои доаѓаат од Италија подлежат на сите мерки на заштита, како и другите патници. По контрола на санитарната инспекција, досега немало потреба да се преземат дополнителни мерки за надзор.

Од вчера, во Србија привремено се укинати летовите од земјите кои се жаришта на вирусот, меѓу кои се Италија и Швајцарија.

Експертите препорача забрана на јавни собири со повеќе од сто лица во затворен простор како би се спречило ширењето на новиот коронавирус и тие мерки ќе ги усвои српската Влада денеска – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со премиерката Ана Брнабиќ и претставниците на сите здравствени и други институции кои учествуваат во борбата против Ковид-19.

Како што прецизира, сите натпревари во затворен простор ќе се играат без публика, додека фудбалските натпревари можат да се играат со публиката. Вучиќ, исто така, рече дека ќе биде дозволено одржување на протести в сабота.

Сите гранични премини работат, но некои ќе бидат исклучени за подобро контролирање на протокот на патници – посочи Вучиќ.

Училиштата засега нема да бидат затворени и доколку е потребно подоцна таа одлука ќе се донесе, евентуално пред Велигден.

Ќе ги замолиме нашите луѓе да доаѓаат во што е можно помал број пред Велигденските празници од земјите каде што е голем број на заразени – додаде српскиот претседател.

Како што истакна, во преземањето мерки за борба против ширењето на новиот коронавирус властите се раководеле според препораките од лекарите.

Претходна статијаВработените од УЈП и Централен регистар под клуч – Граѓаните негодуваат
Следна статијаШто ќе каже на ова Борко Ристовски – неговата сопруга објави фотка со која алудира дека детето личи на неа