Се повеќе мигранти слободно минуваат низ Македонија – откриваат колкава е цената по лице за патување

0

На сред бел ден, група од 10 лица се движаат по автопатот Куманово – Табановце. Станува збор за мигранти. Откако ги запревме, тие ни рекоа дека доаѓаат од Пакистан и се на наша територија веќе 7 дена.

Тие велат дека цело време шетале и спиеле по планините. Тие избегале од војната во Кашмир во зоната на конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие ни ги покажаа повредите што ги добиле во Грција.

„Од Пакистан до Иран, потоа од Турција до Грција и сега Македонија. Имавме проблем во Грција, така што јас ќе продолжам за во Италија, можеби ќе најдеме подобра иднина. Сшто се случило?

Во Грција имавме провлеми, и каде се здобивме со повреди. Вие сте новинар и сте запознаени со војната во Кашмир. Избегавме од проблемите, ќе заминеме што подалеку, белки ќе најдеме некое подобро место.

Тие од Грција влегле нелегално пред една недела, но не кажуваат кој им помогнал. Нивна дестинација се западните држави. Тие не виделе полицајци и никој не ги спречувал додека патувале покрај реката, железницата и автопатот. Овие мажи на средни години велат дека се хранат на бензински пумпи околу автопатот. Патувањето има цена.

„2.500 евра за едно лице. Цените се различни, зависи од лицата. Кој ве превезувал во Македонија? Превоз…само пешки„

Оваа група на Пакистанци рече дека има други групи зад нив, кои одат кон Србија. Тие велат дека во Босна ги чека некој да ги испрати преку Италија во Франција или Германија.

Додека вакви групи кои патуваат кон север, секојдневно се забележуваат, премиерот Спасовски изјави дека нема да се дозволи влез на мигрантите дури и на оние кои транзитираат.

Целата сторија проследете ја на ТВ Алсат М

Претходна статијаНова Македонка го ,,поремети” жирито на Гранд – Ана Бекута зачудено коментираше (ВИДЕО)
Следна статијаМицкоски: Бидејќи Заев се плаши со мене, еве нека излезе на дебата со Милошоски