Се огласи Македонец по откажаниот лет од Лондон: Откри колку пари има со себе

0

По вечерашната владина седница, Министерот Венко Филипче ги објави заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!

По најновата одлука веќе авио компаниите ги одложуваат летовите кон и од Македонија. Па така еден наш патник од Лондон се огласи на „Твитер“ и го сподели својот проблем:

„Лошо. Ми го откажаа летот за назад. Само 6000£ имам со мене. Тоа е доволно за 10 дена овде. Еден ручек е 250£ ебате. И тоа без леб ако јадеш. Нема вицови вечерва. Стрес доживеав.“

Претходна статијаГорјан кој денес од Амстердам слетал во Скопје: Најсикрено откри каде се чувствува побезбедно
Следна статијаАко се заразите со коронавирус, може да ве категоризираат во 4 групи, а еве што се случува со белите дробови