Се огласи ќерката на сопружниците од Кавадарци кои имаат Корона вирус

0

„Под потполна одговорност тврдам дека во изминатите 15 дена немав никаков контакт со моите родители“ – во телефонски разговор за ,,Фокус” информира наставничката – дефектолог од Неготино, чии родители од Кавадарци се позитивни на корона вирусот.

Веста дека докторка од Кавадарци и нејзиниот сопруг вработен во ЈП Македонски шуми се позитивни на вирусот одекна во Тиквешијата. Сопружниците сега се сместени на Инфективната клиника во Скопје, а она што дополнително го вознемири регионот е дека нивната ќерка е вработена во основно училиште во Неготино како наставник – дефектолог.

Голем број на граѓани, посебно родители чии деца посетуваа настава во училиштето, реагираа во текот на вчерашниот ден и бараа дополнителни информации за случајот.

Со цел да ја информира јавноста, наставничката во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува дека немала никаков контакт со родителите периодов, и како тие ги превзеле сите потребни и препорачани мерки.

-Татко ми прв го доби вирусот. Тој работи во Скопје и не патувал надвор од земјава, па поради тоа сме уверени дека од таму го добил. Веднаш штом ги пројави првите симптоми, како покачена температура пред два –три дена, тој беше изолиран дома.

Од страна на моите родители беа превземени сите мерки според протоколот, се јавија во центрите за јавно здравје и бараа да му се направи тест. Но, бидејќи тамошната проценка била дека не е во групите со највисок ризик, поради тоа што не патувал надвор од земјава, целата процедура се одолговлече. Токму поради тоа, тестот беше направен од страна на приватната клиника ,,Жан Митрев” – информира наставничката, чиј идентитет е познат на редакцијата на ,,Фокус”, а која замоли да остане анонимна.

Целата ситуација проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаГрадоначалникот на Дебар повика на евакуација од градот на граѓани од други места кои се затекнале таму
Следна статијаОбјавено колку нови случаи со Ковид има во Македонија