Професорот д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет при УКИМ преку социјалните мрежи упати апел кон своите студенти за состојбата со корона вирусот.
АПЕЛ до сите мои студенти!
Најискрено Ве замолувам да ги откажете вашите присуства во кафетерии, ресторани, натпревари, концерти, претстави и други масовни собири.
Во овој момент се чини дека самоизолацијата е најдобро средство за превенција. Не сакам да видам на настава ниту еден студент/ка што е настинат со ринитис, што кива, кашла или има температура.
Искрено се надевам дека тие што ќе отсуствуваат навистина биле болни и јас лично ќе им ги оправдам отсуствата. Јакнењето на самосвеста за вирусот Covid-19 и самоизолацијата може да спаси многу животи.
АПЕЛ до сите мои студенти!Најискрено Ве замолувам да ги откажете вашите присуства во кафетерии, ресторани, натпревари,…
Публикувахте от Prof. Dr. Vladimir Trajkovski в Вторник, 10 март 2020 г.
Ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме каков ќе биде ставот на СЗО и МЗ наредниот вторник. Доколку се укаже потреба стојам на располагање за предавање онлјан во живо преку мојот Јутјуб канал или на запад познато како distance learning.
Јас и Вие имаме по еден живот кој е вреден да го живееме!
Во скопската општина Карпош вкупно 6 деца се во домашна изолација откако неколку родители кои биле присутни на симпозиумот со заразената докторка, од денеска ги применуваат истите мерки. Станува збор за две деца од основното училиште „Јан Амос Коменски“ , три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ и едно детската градинка „Пролет“.
Градоначалникот Стефан Богоев за Радио Слободна Европа потврдува дека во одредени училишта е намален бројот на ученици, но додава дека не треба да се крева паника затоа што домашната изолација е превентива.
„ Јас училиште не можам да затворам, таква мерка може да донесе само надлежните институции доколку се прогласи епидемија, но како општина преземаме мерки за дополнителна дезинфекција“ вели Богоев.