Голема прашина се крена деновиве за тоа со колку респиратори располага Македонија. Вчера на прес-конференција, министерот Венко Филипче даде конкретна бројка.
„Во државата има околу 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје. На денешниот координативен состанок со директорите на Клиниките донесовме неколку одлуки. Прво, целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници го мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно.
Сакам да изразам благодарност до приватните болници коишто уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, вклучително и близу 70 интензивни легла, со респираторни машини за оваа патологија.
Клиниките нема да ги одржуваат своите редовни утрински стручни колегиуми, со цел да се намали контактот помеѓу колегите, ќе се координираат телефонски, така ќе се извршува и оперативниот програм со координација помеѓу вработените и под раководство на директорот.
Кина се понудила да донира 200 респираторни машини за Македонија. Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
„Македонија во моментов располага со 200 респираторни машини, вклучувајќи ги и оние од приватните установи. а во тек на една недела ќе пристигнат уште 100. Исто така Кина се понуди да донира 200. Значи се на се Македонија ќе располага со 500 машини. Но, не станува збор само за машини, туку мораме да ги подготвиме и луѓето кои ќе ракуваат со нив“, рече Филипче.
„Инфективна клиника има 110 легла капацитет. Ако треба 110 легла да бидат наменети за Ковид 19 ќе бидат наменети. Не велам дека другите пациенти ќе ги оставиме незгрижени. Имаме сродни гранки. Имаме консултации. Повторно под наша супервизија ќе се лекуваат наши пациенти само во други објекти. Тоа не е нешто што не може да го реализире“, изјави директорката Стевановиќ за „КОД“ и доаде:
„Како ќе биде ако бројките се тие. Можеби ќе бидат и уште поголеми.Ако се навратиме од информациите од Кина, поголем дел од пациентите ќе бидат со лесна клиничка слика. Можеби ќе треба да дадеме препорака седете дома и јавете се ако имате потешкотии, ние ќе дојдеме“.